Волонтерите од тимот за одговор при катастрофи од општинската организација на Црвен крст Куманово, поделија хуманитарна помош на семејства чии куќи беа зафатени од надојдените води на Крива Река и Пчиња.
Како што соопштија од Црвениот крст, нивните екипи поделиле прехрамбено-хигиентски пакети на 10-тина семејства во реонот на селата Клечовце, Јачинце и Довезенце, помош била поделена на 7 семејства и во реонот на Пелинце, а и на 4 семејства од село Макреш, чии куќи по надојдените води од Крива Река биле отсечени од селото.
„Но, засега ситуацијата е стабилна а каде што има потреба екипите ќе интервенираат дополнително“, рече Бојан Петрушевски, секретар во Општинската организација Црвен крст Куманово.