Црвен крст со работилници за средношколци

Општинската организација на Црвен крст Куманово изминативе две седмици одржа три работилници од кои една во Клуб на млади, на нови волонтери и две во средното училиште ,,Наце Буѓони’’ на ученици од прва година.

На работилниците присуствуваа вкупно 67 ученици, и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот како и за работата на општинската организација Куманово и активностите на клубот на млади.

Работилниците ги одржа дисеминаторот Филип Кузмановски.

Коментари

коментар(и)