Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година, објави директорот Бобан Николовски.
Тој вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи.
Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи, соопштија од Царинската управа.