НУ Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово, а во комплетна организација на Уметничката галерија и Фондацијата за култура и спорт ќе ја реализира 52 -та меѓународна ликовна колонија „Куманово 2026“ почнувајќи од утре до единаесетти август. Создадените дела ќе бидат изложени на десетти август во комплексот „Етно село Тимчевски“.
На колонијата ќе учествуваат 13 ликовни уметници од Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и секако од Македонија: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.
Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите ликовни манифестации во државата. Првото издание е одржано во 1974 година во конаците на манастирот „Св. Прохор Пчињски“.