Четврта форумска сесија на Центарот за развој на СИПР
Претставници на општината, граѓански организации денеска присустваа на четвртата форумска сесија на програмата регионални форуми во заедницата во Североисточниот плански регион, во рамки на проектот „Одржлив, инклузивен рамномерен регионален развој“. На последната сесија беа сумирани впечатоците од досегашните активности на кои се идентификуваа голем број регионални проблеми. По разгледувањето комисијата донесе одлука како најприоритететен да биде проектот за уредување на Бислимска клисура.

-Критериумите на форумот согласно проектот беа дека форумот може да развива минимум пет проектни концепти и на крај да приоретизира пет проекти предлози но сепак од овој форум произлегоа седум проекти и на крај беа избрани шест од кои програмскиот одбор кој е составен од претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка, министерство за локална самоуправа го избраа проектот за уредување на Бислимска клисура-истакна Лидија Митовска сертифициран модератор.
Покрај уредувањето на Бислимска клисура, на сесиите како предлог концепти се нашле и регионалните проблеми, како инфраструктурно уредување на туристичка локација за одржување на регионалната манифестација Невестинско поклонение, поставување урбана опрема на Спомен Костурница, изградба на пристапна инфраструктура до атрактивни туристички локалитети, како Станечки водопади, локалитетот Куклица и други, доградба на дополнителен сместувачки капацитет на Домот за стари лица, инклузивен стадион и изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети во североисточниот регион.
Центарот за развој на североисточниот плански регион ги организираше сесиите во рамки на проектот „Одржлив, инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Форумската сесија како и претходните се одржа во ресторан Грација.