Членови на ТК „Тумба“ повторно со први места на отворено тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки

Членовите на тенискиот клуб „Тумба” од Куманово Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска го освоија првото место на отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки во двете конкуренции, поточно возрасна категорија до 12 години. Алексеј Стојановски кај момчињата во оваа возрасна категорија во финалето го победи Дамјан Пановски од Т.К МТП со 2-0 по сетови. Анастасија Арсовска исто така убедливо триумфираше со 2-0 по сетови против Деа Крстевска од Т.К.Битола. Од нашиот клуб забележителен настап имаше Петра Крстевска која својот настап го заврши во четвртфиналето, додека дебитанти на еден турнир се и младите Алексеј Стошиќ и Тео Андов, кои за прв пат настапија во оваа возрасна категорија. Оваа е втор турнир во серија каде домаќин е Т.К „Тумба“.  Натпреварите поминаа во фер и коректна атмосфера, во духот на спортот. Клуб им честита на членовите кои ги прават горди и им посакуваме уште подобри резултати во периодот кој следи.

Коментари

коментар(и)