Шаќири: Продолжување на преговорите со СОНК, но и прекин на штрајкот

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција истакна дека ќе достави барање до Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во кое ќе побара од нив продолжување на преговорите, но и продолжување на наставата во училиштата, односно прекин на штрајкот.

Тој додаде дека во моментов не смее да се дозволи децата да не следат настава, затоа од членството на СОНК и од наставниците побара да се вратат на настава, со надеж дека барањето ќе биде прифатено.

„Верувам дека ако не од утре, од понеделник ќе се нормализира образовниот процес“, рече Шаќири.

Во однос на барањата на СОНК за покачување на платите во образованието за 18,4 отсто, Шаќири посочи дека барањето е легитимно и дека повисоки плати ќе има.

Коментари

коментар(и)