Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници вчера го лишиле од слобода 30-годишен жител на село Оризаре, липковско на улицата „Индустриска“. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „форд“, управувано од приведениот и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска, еден час по полноќ лишиле од слобода 46-годишен кумановец, затоа што во спортска обложувалница на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово физички го нападнал 50-годишно лице, вработен како обезбедување. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 60-годишен кумановец. Тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.