Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Куманово пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција за 6 пријавени заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица.
Според надлежните, станува збор за учесници на семинар – обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово,
-По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11.09.2025 година заболените, симптомите на труење со храна ги развивале по 4 па до 16 часа со обилни повраќања ,зачестени воденести столици на секои 10, 15 или 20 минути, малаксалост ,температура до 41 степени, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка. Од 6 заболени, 2 се хоспитализирани, 3 на дневна болница и 1 на домашно лекување. Од страна на епидемиолог на ЦЈЗ Куманово , ДСЗИ ПЕ Куманово и АХВ ПЕ Кумановона 15.09.2025 година по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направен е координиран надзор во гостилницата и се земени брисеви и мостри храна во гостилницата за микробиолошко испитување. Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали. Епидемиолошката состојба се следи, информираат од Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово.