Шумски пожари во липковско

Два пожара ги пустошат шумите во липковскиот регион, а поради непристапниот терен надлежните не се можни да се справат со огнената стихија. Побарана е помош и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Едниот пожар кој избувнал на тромеѓето на територијата на Република Косово, Србија и Македонија на потегот кон селото Белановце вчера околу 10 часот наутро преминал на територијата на нашата држава , информираат надлежните. „Шумското стопанство“ веднаш формирало екипи од вработени кои со теренски возила се упатиле на местото на настанот, но поради непристаниот терен гаснењето се одвивало доста отежнато.

Поради намалена видливост екипите се повлекле во текот на вечерните часови, а останале само двајца шумочувари да дежураат и да ја следат состојбата во текот на ноќта. Активностите продолжиле рано утринава.

Вториот пожар е пријавен вчера попладне околу 15 часот во полициската станица Матејче. Истиот избувнал  во селото  Отља кај месноста Три Камена на потегот кон селото  Стрима, а зафатил сува трева и деградирана шума.

Двата пожара се уште не се изгаснати бидејќи се зафатени непристапни планински терени. Пожарот се гаси од вработени во шумско стопанство  кои што имаат соодветна заштитна опрема во случај на рачно гасење на пожари,   информираат надлежните. Во локализирањето на овој пожар учествуваат и екипи од територијалната противпожарна единица.

Раководителот на подружницата , Саити смета дека причина за пожарот на потегот Отља и Стрима е човечки фактор, а за пожарот кај Белановце причината се уште не е позната.

Коментари

коментар(и)