На Вториот селекционен натпревар, одржан на 3 септември 2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, нашиот ученик Јован Денковски под менторство на наставникот Владимир Јовановиќ постигна извонреден резултат и се пласира на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки – IJSO 2026, објави основното општинско училиште „Крсте Мисирков“.
Според објавата, од вкупно 100 кандидати, Јован се избори за своето место меѓу шестемина најуспешни ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на ова престижно меѓународно натпреварување, во декември годинава, во Софија, Република Бугарија.