Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека предвидените работи за санација на критичните столбни места С5 и С6 поради кој беше затворен Искрин мост се завршени. Во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе биде пуштен сообраќајот по мостот кој ќе се одвива по времениот режим на сообраќај како што беше пред да биде затворен, односно одвивањето на сообраќајот ќе биде регулирано со семафорско решение со наизменично пропуштање на возила во еден и друг правец. Семафорското решение за регулирање на мостот е неопходно заради извршување на преостанатите работи од горниот строј, бетонирање на тротоари и монтирање на нова еластична одбојна ограда. Санацијата на целиот мост е во завршна фаза, посочуваат од ресорното министерство.