(ВИДЕО) „Ќе победиме на локалните, без разлика кој е кандидат за градоначалник“, порача СДСМ

„Граѓаните имаат доверба во СДСМ, затоа што СДСМ и на локално и на централно ниво во овие четири години докажа дека зборот даден пред граѓаните, важи, дека партијата е посветена на интересите на граѓаните и државата и затоа СДСМ е неспорен фаворит на локалните избори како во Куманово, така и во сите други општини“, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на синоќешната граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“,  што се одржа пред градскиот базен во Куманово.

Спасовски истакна дека СДСМ инвестира во инфраструктурата, бидејќи добра инфраструктура е основа за добар економски развој.

 

– За 4 години во Куманово и околните општини во патна инфраструктура се инвестирани 121 милион евра, инвестирано е во сите регионални патишта, патниот правец Куманово – Свети Николе, изграден по 40 години, Куманово-Никуштак, Куманово – Опае, новиот пат до Белановце, после 50 години целосно е реконструиран патот до граничниот премин Пелинце, по 40 години е реконструиран Искрин мост, а почнува реконструкција на мостот во Проевце, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ

Потпретседателот Спасовски направи и споредба на она што ВМРО-ДПМНЕ го сработило за 12 години и она што е направено за време на владеењето на СДСМ за четири години.

– ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат, кај нив за ефикасност не може да стане збор, освен кражбата на деценијата – Скопје 2014, со жални врби и палми и стиропор.  За 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ се изградени 40 градинки во државата за 4 години владеење на СДСМ – 59, за 10 години ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 74 училишта, СДСМ 80 училишта за 4 години, за 10 години изградија и реконструираа 650 километри  магистрални, регионални и автопатишта, ние за 4 години 1040 километри, рече Спасовски.

„Поминаа тие тешки моменти кога Куманово беше ставено на маргините на државата, денеска Куманово има големи можности и ги користи, општината се развива и гради“ , рече градоначалникот Максим Димитриевски, нагласувајќи дека Општина Куманово е единствената која, според него, била намерно блокирана од претходната власт, а сега е раздолжена.

-Денеска на сметка има 167 милиони денари граѓански парти, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово. Само оваа година се изградни 8 км патна инфраструктура, извршена е реконструкција на сите спортски капацитети во училиштата, за 3 години се изградени 3 училишни спортски сали, проширена е гасоводна мрежа. Ние од СДСМ сме најупорните, бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме до крај, додека Куманово го градиме како еден модерен европски град, а различностите ќе не направат уште посилни, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

„СДСМ постојано е со граѓаните и затоа сме фаворити на претстојните избори“, порача од трибината претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски .

– Без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, СДСМ повторно убедливо победува на претстојните локални избори, без разлика на кандидатот, СДСМ дава збор дека се што ќе се најде во програмата која заедно ја пишуваме, тоа ќе биде реализирано со сигурност, затоа што покажавме дека за нас зборот е збор, рече Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово

Работевме посветено, трпеливо и траснспарентно за овие четири години. Ги зголемивме платите на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, армијата, во градинките, во училиштата, ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти, воведовме социјална пензија за нашите повозрасни сограѓани, рече Лидија Тасевска, пратеник

Караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започна на 11 јуни од главниот град , Скопје.

Коментари

коментар(и)