Ако возилото остане заглавено на крстосница иако претходно поминало на зелено светло, ќе се смета за сообраќаен прекршок и ќе следува казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Министерот Панче Тошковски во синоќешното гостување на ТВ 21 кажа: „Тој сообраќаен прекршок има друг третман. Нема да има третман на поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра. Значи, возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло и ќе мора да застане. Имаше во тест-периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено. Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминување на црвено, туку како задушување на крстосница“.