Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав и годинава традиционално ќе организира Свечена академија по повод одбележување на 79 години од загинувањето на народниот херој и легендарен командант Карпош. Академијата ќе се одржи в понеделник ( 06 февруари) во Занаетчискиот дом со почеток во 18 часот.
Утредента, на 07 февруари, годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош ќе ја одбележат и Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ (1941-1945) и граѓаните -продолжувачи од Куманово. Традиционално, пригоден говор за ликот и делото на народниот херој ќе биде одржан пред Куќа -музеј на Карпош.