Ќе се реконструира улицата „1“ во Доброшане

Куманово ќе ја реконструира улицата „1“ во село Доброшане, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Општината склучи договор со избрана компанија за изведување на градежните активности. Според објавата на електронскиот систем на јавни набавки за реконструкција на оваа улица од општинскиот буџет одвоени се 4.144.160 денари. На тендерот за изградба на улицата во ова населено место се пријавиле три компании од државата, а избран е најповолниот понудувач, радовишката фирма „ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ“. Жителите на Доброшане очекуваат дека со санација на улицата ќе се обезбедат подобри услови за безбедно одвивање на сообраќајот, особено за пешаците.

Коментари

коментар(и)