02 април- Светски ден на детска литература

„Час со познат писател“ , промоции на книги за деца, бројни работилници се само дел од активностите што ги организира Детскиот оддел на градската библиотека „Тане Георгиевски“ , информираат надлежните по повод одбележувањето на Светскиот ден на детската литература  – 02 април.

-Имаме многу проекти на детскиот оддел. Кога ќе се каже библиотека дечињата најпрвин помислуваат исклучиво на позајмување на книги, меѓутоа имаме многу посети на деца од најмалата возраст, градинки, основните училишта, затоа што детскиот оддел е за деца до 14 годишна возраст. „Час со познат писател“  е многу интересен проект, доаѓаат познати писатели за деца , уредници на детски списанија, кои што се дружат со дечињата од основните училишта, пр. Ванчо Полазаровски. Имаме соработка и со други писатели и таа трае многу години, Горјан Петревски и други, изјави Марина Алексиќ, Детски оддел на библиотеката „Тане Георгиевски “

Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“  во Куманово членуваат повеќе од две илјади основци кои претежно читаат лектири , но се повеќе и слободна литература  од домашни автори.

-Детскиот оддел располага со околу 75.000 книги, меѓутоа во претходните неколку години забележуваме континуирано зголемување на книжниот фонд, затоа и членството на детскиот оддел е видно зголемено, 2017 -та година резултира со зголемен број на членови околу 2005 членови заклучно со 2017 та година, изјави Алексиќ.

Со читање книги се збогатува речникот, се добива знаење. Повозрасните читатели токму на денешниот ден им порачуваат и ги советуваат младите наместо на социјални мрежи времето да го поминат со книга во рака.

Коментари

коментар(и)