1.218 неважечки ливчиња во вториот круг од изборите
Гласачкото право во вториот круг од локалните избори во Куманово го оствариле 49,23 отсто од полнолетните граѓани.
Во бројки, од вкупно 93.986 избирачи во избирачкиот список, на изборите вчера гласале 46.273 лица. Од тоа како неважечки ливчиња се 1.218.
Во соседната општина Старо Нагоричане вчера со право на глас биле 3.262 лица, а на избирачките места се појавиле 1.936, односно излезноста била 59,35 отсто.
Во бројки, правото на глас го искористиле вкупно 1.887 граѓани.
Вкупно 49 од ливчињата во вториот круг во Старо Нагоричане се евидентирани како неважечки.