Во организација на Институтот за наука, уметност, култура и спорт (ИНОКС) од 13 до 15 октомври во Занаетчискиот дом ќе се одржи музичката манифестација „10 години звук, 10 години емоција” – џез фестивал посветен на трагично починатиот музички виртуоз од Куманово, Филип Стевановски. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ, во областа на музиката и музичко – сценската дејност, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Фестивалот е од хуманитарен карактер, а средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс” – Кочани.