114 санкционирани возачи на мотоцикли, седум мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (02.05.2022) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Макеоднија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 60 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)