19-годишен кумановец тешко повреден во Скопје

Деветнаесетгодишно момче од кумановското село Тромеѓа вчера било тешко повредено во Скопје, откако во него удрил мотор.

Со тешки повреди се здобил и мотоциклистот.

Според МВР, вчера во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, кај клучката „Дијамант“, мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од 24- годишен скопјанец, удрил во пешак од кумановско.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)