30 години балетско студио „Ултра” Куманово

Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” балетското студио „Ултра“  го одбележа 30-годишното успешно опстојување во сферата на модерните танци, поддржано од градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Заедно со Александра Димитриевска, која е основач и кореограф на ова Студио, бележат бројни настапи на фестивали и натпревари. „Ултра” е единствено балетско студио во нашата држава, кое се закити со титулата светски првак во категоријата модерен балет за деца. На јубилејниот концерт настапија деца и младинци од ова Студио, претставувајќи се со повеќе танцови стилови, кои ги негуваат и развиваат. Учествуваа и шест танцови студија од земјава.

Коментари

коментар(и)