Педесет и тројца кумановци вчера заработиле казна поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштитна маска на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 82 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени казнени налози, најмногу се на подрачјето на Куманово – 53, во Крива Паланка – 19 , во Кратово 10.
За непочитувачите на одредбата, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.