53 кумановци се казнети за неносење заштитна опрема
Педесет и тројца кумановци вчера добиле казни за неносење на заштитна маска на лицето.
СВР Куманово информира дека во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово, 75 лица не ја почитувалe.
Од вкупниот број евидентирани прекршувања по однос на Уредбата, 53 се во Куманово, 15 во Крива Паланка 15, 7 во Кратово.
За прекршителите ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.