Петмина кумановци под дејство на алкохол казнети изминатата вечер, вкупно 65 возачи во земјава

Вчеравечер на подрачјето на СВР Куманово, во периодот од 18.00 до 02.00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 6 возачи, од кои 5 на подрачјето на Куманово и 1 во Кратово.

Синоќа во истиот временски период спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава , при што санкционирани се вкупно 65 возачи. Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштува МВР.

Коментари

коментар(и)