Неповратни 70 милиони евра од европските пари наменети за транспортното поврзување на Западен Балкан на Самиот во Трст доби земјава за изградба на втората фаза од железничкото поврзување Куманово- граничен премин Деве Баир, соопшти вчера вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Од вкупниот гранд во висина од 194 милиони евра Македонија доби 70 милиони евра, што претставува 46 отсто од вкупните пари за транспортното поврзување за Западен Балкан, што ја прави целосен добитник Македонија од Самитот во Трст, рече Анѓушев.
Вториот дел од пругата е од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри и ќе чини 152 милиони евра.
Остатокот од парите ќе биде покриен со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и други финансиски институции.
.Според планот, како што рече Анѓушев, по завршувањето на овој дел од пругата ќе следи и изградба на последниот дел од Крива Паланка до Деве Баир во должина од 24 километри.