77 казни за неносење маска вчера во Куманово
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (31.01/01.02.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 108 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издаде прекршочни налози, најмногу се од Куманово 77, во Крива Паланка 22 и во Кратово 9.
За истите, како што информираат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.