(ВИДЕО) 78 години од излегувањето на Вториот партизански одред

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Куманово в сабота ќе одбележи годишнина од излегувањето на јадрото на Вториот партизански одред кој се приклучил кон борбите од НОВ на Македонија. Одредот е формиран  на 26 јуни 1943 година.  Во близина на спорската сала во познатата меѓу кумановци, Цекова бавча, пред споменикот цвеќе ќе положат  членови на Сојузот на борци, претставници на Општина Куманово, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, граѓански здруженија.

Од историски аспект, на 26 јуни  пред 78 години, седумина кумановски партизани тргнале од бавчата на Цекови,  четворица од Карпошовата воденица и потоа заедно заминале во Јужноморавскиот одред за да се обучат и да се вклучат во борбените дејствија.

Освен Јордан Цеков –Дане, дел од партизанскиот одред во тоа време биле и Панче Пешев, Живко Чало, Методи Томовски – Панче, Миле Кипра, Миле Домузлиски. Јордан Цеков е македонски публицист и командант на Третата Македонска Ударна Бригада, учесник во НОБ од 1941 година и поранешен пратеник во Собранието на Народна Република Македонија.

Коментари

коментар(и)