80-годишна скопјанка го загуби животот во сообраќајна несреќа

Скопјанка на возраст од 80 години викендов го загубила живото во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. Според МВР, на 25 септември околу 16.10 часот на магистралниот пат, кај селото Облавце – општина Старо Нагоричане, патничко возило „форд фјужн“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 75- годишен скопјанец,  излетало од патот.

Во несреќата, возачот и сопатничката од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што околу 20.00 часот жената починала.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)