82 возачи казнети на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 82 возачи, информира МВР.

Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Коментари

коментар(и)