9-ти годишен концерт на КУД „Српски вез“

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота со почеток во 19 часот, годишен концерт ќе одржи Културно уметничкото друштво „Српски вез“. Станува збор за деветтиот годишен концерт кој што го организира здружението. Како специјални гости на настанот ќе настапат КУД „Бојмија“ од Гевгелија, како и КУД „Бисер“ од Дражевац, Република Србија. Организаторите најавуваат богата програма со бројни изненадувања. Информациите и резервацијата за билетите може да се добијат во просториите на Српски вез, во близина на трговскиот Сума.

Коментари

коментар(и)