Прекопи на кумановските улици

Раскопани места поради работа на пат може да се забележат на повеќе улици во градот. При работа на терен за замена на цевки, електрични кабли или гасоводна мрежа честопати патот се пресекува  со цел санирање на различни проблеми. Откако ќе се санира штетата на одредена локација раскопот останува уште долго да стои без поправка и враќање во првобитна состојба.  Движењето во градот е отежнато поради огромните дупки кои претставуват опасност за возачите и пешаците. Колите се уништуваат маневрирајќи по распопаните улици, а пешаците пак, честопати од невнимание завршуваат со скршеници.

Од Јавното претпријатие Водовод, посочуваат дека во зависност од тоа кој врши прекоп на самата улица задолжен е да ја врати во истата состојба. Тие објаснуваат дека асфалтот го обезбедуваат преку асфалтни бази кои работат само во одреден годишен период. Поради тоа прекопите од април до ноември  привремено ги покриваат со коцка, се додека не набават асфалт.

-Согласно позитивните законски прописи враќање на првобитна состојба ако се работи за асфалт ние мора да го обезбедиме асфалтот преку тендери од асфалтни бази, асфалтни бази се уклучуваат во април месец а се исклучуваат некаде во ноември. Така да сите прекопи помеѓу ноември и април се обидуваме да ги покриеме со коцка што ја имаме ос поранешна 3 МУБ која што се асфалтираше а коцката ја чуваме за вакви ситуации и секој прекоп го покриваме со коцка до оној момент кога ќе почнат да работат асфалтните бази за да можеме да ја вратиме во поранешна состојба односно да покриеме со асфалт, Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Првиот човек на ЈП Водовод  додава дека освен нивното претпријатие прекопи најчесто вршат и ЕВН, телекомуникациски и оптички оператори. Па оттаму по иницијатива на  градоначалникот на Куманово на локација кај што ќе биде пријавен некој прекоп да се известат сите  компании и доколку имаат проблеми да интервенираат за да не се вршат поединечни прекопувања.

Коментари

коментар(и)