Десетмина новозаболени кумановци од вирусот ковид-19 и 13 оздравени пациенти од Куманово евидентира министерството за здравство во изминатото деноноќие. На ниво на државата, надлежните регистрираат 109 нови случаи на коронавирусот од вкупно направените 1486 тестирања во последните 24 часа и тројца починати пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г).
Од новозаболените, 40 лица се од скопските општини , 12 новозаболени во Прилеп и по неколку пациенти од останатите градови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти, 29 од Скопје, 13 од Гостивар, шестмина од Кичево.
Досега во земјата се направени речиси 155.000 тестирања на ковид -19, а нема тестирања во рамките на скринингот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.208.