„Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020-та година, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор. Граѓаните, овој пат финансиската поддршка од 6.000 денари ќе ја добијат на трансакциска сметка, наместо на картичка“, рече на денешната прес-конференција Јасмина Георгиевска од општинската организација на СДСМ Куманово.
-70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари.
Финансиска поддршка по 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани. Но, овојпат наместо на картички, парите ќе им бидат исплатени на трансакциски сметки сé со цел да не се создаваат непотребни групирања пред банките и целиот процес да биде олеснет за граѓаните. За оваа намена државата обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството, рече Јасмина Георгиевска, ОО на СДСМ Куманово
Со четвртиот пакет економски мерки се обезбедуваат и дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети бидејќи важен е секој човечки живот и секое работно место, посочува Георгиевска.