Асфалтиран крак од булеварот Трета Македонска

После пет децении жителите на делови од  Трета Македонска Ударна Бригада ќе одат по нов асфалт. Распуканите  кракови на булеварот денеска добија нов лик. Се асфалтираат  околу 2.400 метри квадратни, како дел од проектот за реконструкција на 6 ипол километарска  патна инфраструктура, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Договорот е за 40 дена да биде завршено околу 32-33 илјади квадратни метри. Мојата концепција беше дека во овој период поради лошите временски услови , зимно- летни периоди има големи пукнатини и уништување на горен слој на патна инфаструктура  отпочнуваме со реконструкција во неколку етапи. Идната година планираме да направиме уште една нова набавка на една поголема површина околу 40 илјади квадратни метри со што главните сообраќајници во Куманово треба да бидат доведени во една пристојна форма ,  изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Граѓаните се задоволни од потегот на локалната самоуправа, но сметаат дека покрај краковите на Трета Македонска треба да се асфалтира и делот од улицата Егејска Македонија, кој се наоѓа помеѓу зградите. Станува збор за педесетина метри црн пат по кој поради конфигурацијата на теренот при поројни врнежи се слева огромно количество дожд и ги поплавува подрумските простории во станбените објекти.

-Ова е за поздрав, убаво е да се обнови и многу сме задоволни, но позадоволни би биле кога би се пролжило некој метар подолу бидејќи надолу има неколку влезови околу 30 станови , 120 луѓе,а кога ќе дојде вода се слева од Трета Македонска па до Егејска Македонија доле, и се што е пред неа носи. Ако може некако тоа да се реши, ниезамолуваме ако може да е направи добро би било, овде никогаш немало асфалт, погоре имаше асфалт ама ископан беше, сега ова е многу добро меѓутоа за 50 метри мислам дека не би требало да има проблем, изјави Перо Додевски, станар

– Кога ќе врнат обилни дождови овде е катастрофа, сите дождови од улиците се слеваат долу, напшата улица е стрмна и ние не сме случајно дојдени тука, дојдовме да го замолуиме градоначалникот ако може барем 40 метри колу може да се канализира таа вода што дотекува одозгора, секогапш имаме проблеми, пред некој ден кога имаше порој, водата ни влезе во подрумите, но кога ќе се регулира водата ќе си оди право, а ние ќе се органзираме самите преку нашите совети, Тоде Георгиевски, станар

Надлежните позитивно одговорија на барањето на граѓаните. Наместо  да биде асфалтиран, кракот од Егејска Македонија ќе биде тампониран, а ќе биде отворена можност и за атмосферско одводнување.

-Имаме 2-3 проблема со одводнување атмосферска вода која  во 2013 година направи големи штети на граѓаните овде, се надевам дека сега примарно ќе отвориме проток на вода, а до крај на година ќе направиме и одводнување односно атмосферска каналета која ќе ја уфрлиме во решетките на главниот вод на атмосферската канализација, изјави Дамјановски.

Откако започна реконструкцијата ,  реализирани се околу 6.000 метри квадратни, а до крајот на септември треба да бидат завршени уште 24.000 метри квадратни.

Коментари

коментар(и)