Бесплатна бања и викенд за пензионерите

Седумдесетина пензионери од Куманово бесплатно ќе престојуваат во Катлановска Бања во текот на септември и октомври. Освен бањско – климатската рекреација од оваа година се воведува и бесплатен викенд во Дојран кој ќе го искористат дваесетина пензионери. Веќе пет години по ред Владата на РМ го спроведува  овој проект, а одзивот  на пензионерите е масовен, велат од фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Куманово.

Кандидатите кои аплицираат за користење на оваа мерка се селектираат од страна на комисија составена од членови на различни институции.  Критериумите за избор се прават врз основа на висината на пензијата, должината на стажот, и времето на користење на пензијата.

-Овие два проекта се одвиваат во два наврата едниот е од март до јуни, а вториот од септември и октомври. За оние пензионери на кои не им се исплатени превозните трошоци за март и  јуни до крајот на следната недела ќе бидат во целост исплатени, вели, Мирослав Стојановски, раководител на ПИОМ, Куманово.

Од фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Куманово посочуваат дека оние пезнионери кои веќе биле на бесплатен одмор и викенд немаат право повторно да аплицираат за истата мерка.

Коментари

коментар(и)