Шеесет и три лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (31.05/01.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 80 лица не ја почитувалe, информираат од СВР Куманово.
Најголем дел од изречените прекршочни налози биле во Куманово – 63, во Крива Паланка – 7 и во Кратово – 10.
За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење, информираат надлежните.
