Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје.
Регистрирани се и 6 оздравени пациенти, а починати лица во изминатото деноноќие нема.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.
Во Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува, 8882, а активни се 24 случаи.
