СВР Куманово информира дека во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.07/09.07.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово осум лица не ја почитувале Уредбата за задолжително носење заштита на лицето. Од осумтемина, шест лица биле на подрачјето на Кратово, а две во Крива Паланка. За нив ќе следуваат соодветни мерки.
Казнети осум граѓани заради маска на подрачјето на СВР Куманово
