Во рамките на Еразмус + проектот „Стапките на природата“ од 22-28 август во државното средно училиште „Киро Бурназ“ се одржала работна средба со две партнерски училишта од Турција и едно од Полска која е координатор на проектот. За пет дена со работилници биле подготвени анимирани видеа за тоа како да се спаси нашата планета и да се намалат јаглеродните емисии. Во рамките на проектот биле организирани и предавања за пожари и зачувување на природата од пожари и чистење на шумите со можност за разговарање на теми поврзани со зачувување на природната средина со другите учесници. Работната средба била искористена и за подобрување на ИКТ вештини, англискиот јазик, но и за учење за пчелите и нивното значење за природата со директен пристап преку формален и неформален процес на учење за време на мобилноста. Другите партнери преку посетите на културно-историските места и природните убавини дознале за македонската култура и традиција.
Преку проекти од Еразмус + програмата вработените во нашето училиште развиваат организациски вештини и стекнуваат искуства во менаџирање на европски проекти, информира координаторката на проектот, од „Киро Бурназ“, Силвана Јосифовска-Тасиќ.

