Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски денеска ги повика граѓаните в недела да го искористат своето уставно право и со својот глас да одлучат во какво Куманово сакаат да живеат.
„ВМРО -ДПМНЕ има сериозна, издржана и реална програма“, истакна Петрушевски, посочувајќи дел од проектите што ќе бидат реализирани во наредниот период доколку ја добијат довербата на граѓаните, изградба на локални патишта, водоводна и канализациона мрежа, решавање на проблемот на булеварот „Октомвриска револуција“ со изградба на атмосферска канализација, подобрување на условите во образованието.
„Куманово повеќе да не биде бастион на ниту една политичка партија“, порача Петрушевски.