Без снабдување со електрична енергија во текот на денот ќе бидат повеќе локации низ Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска во периодот од 08 до 14 часот ќе има на дел од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.
Во периодот од 12 до 13 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите од Горно Којнаре, Долно Којнаре, Костурница, Кратовци, Индустриска зона, Речица,(Бентони, Рапид Билд, Бензинска пумпа Мак, Бензинска пумпа Шел, Бензинска пумпа Хели Компани, Сити Бетон).
Прекини во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе има и во селата Агино Село, Брзак и Романовце.
