Државната изборна комисија (ДИК) утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори.
Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблемите од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.
Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола за седум денови овој пат се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денот ќе го преземат општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање.