Четириесетгодишен кумановец заработи кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело „измама“ тешка над половина милион денари.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, во јули годинава, пријавениот довел во заблуда друго лице, дека ќе му изгради викенд куќа во селото Јастребник, за што во август склучиле договор заверен кај нотар.
–Лицето му исплатило во два наврата 400.000 денари и 128.400 денари, за што му бил даден документ „каса исплати“, а пријавениот сѐ уште не започнал со работа според договореното, причинувајќи му материјална штета од 528.400 денари, стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
