Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со детската фондација „Песталоци”

Општина Куманово во партнерство со детската фондација „Песталоци” од Троген-Швајцарија, подружница во РСМ ќе реализираат активности за спроведување на Националниот стратешки план за образование во државата 2021-2023, со цел развој на инклузивен интегриран образовен систем. Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорите на општинските основни училишта „11 Октомври” и „Христијан Карпош”, потпишаа Меморандум за соработка со детската фондација, за да се воспостави и зајакне соработката помеѓу двете страни за спроведување на проектот„Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем”. Проектот предвидува обуки за раководниот кадар, наставниците и стручниот персонал во училиштата, како и за претставници на општините наменети за деца, кои не се вклучени во наставата.