Едно новозаболено лице од КОВИД-19 во Куманово
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на КОВИД-19, од кои едно лице од Куманово. Регистрирани се и 381 оздравен пациент, од нив 30 од Куманово. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, меѓу нив нема граѓани на Куманово.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Бројот на активни случаи на ниво на државата изнесува 8.331, а во Куманово 331.