Уметникот Зоран Арсовски-Бабата со Златна плакета за свое дело

Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, магистер по сликарство е добитник на наградата Златна плакета за освоено прво место на конкурсот кој беше распишан од страна на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ со наслов „Перото – инспирација за уметничката четка. Конкурсот е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес за 2021 година. Навистина скромноста ги краси големите луѓе па така и Арсовски е еден од таквите современи визуелни уметници кој инспирација добива од секојдневниот живот, широкиот дијапазон и контакт со луѓето, случувањата поврзани со природата и вселената, преточени во уметнички дела. На конкурсот пристигнале над 300 дела.