Семејна куќа била опожарена изминатата ноќ во Средорек. Од Регионалниот центар за управување со кризи известуваат дека Територијалната противпожарна единица Куманово бележи една интервенција во текот на изминатото деноноќие, и тоа на опожарен семеен објект во Средорек.
Во гаснење на пожарот, кој избувнал околу 03 часот изминатата ноќ, учествувале две противпожарни возила. Интервенцијата била завршена за околу два часа.
Причината за избувнување на пожарот, како и висината на настанатата материјална штета засега не се познати, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.