Четириесет и едногодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди, откако во него удрило возило на улицата „Страшко Симонов“. Кумановската полиција информира дека вчера околу 19: 40 часот во СВР Куманово било пријавено дека се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.А. (36 години) од село Черкези удрило во пешак Ш.О. од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа на СВР Куманово извршила увид на лице место.
Возило удрило во пешак на ул „Страшко Симонов“
