Нови 12 случаи на Ковид-19 во Куманово регистрира министерството за здравство во последните 24 часа, а вкупно на ниво на државата 361.
Од министерството посочуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои едно починато лице од Куманово (47 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021 година.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5.620, во Куманово – 178.